Мицкоски: Инфлацијата на храната нема да надмине 1% – Филипче со критики за недостиг на економски мерки

t

Инфлацијата за основните прехранбени производи не се очекува да биде поголема од 1% во споредба со март, изјави премиерот Христијан Мицкоски. За горивата додаде дека се намалени акцизите и ДДВ-то за безоловниот бензин, што имало трошок во буџетот. Според Мицкоски, состојбата со движењето на цените на горивата на светските берзи внимателно се следи во согласност со развојот на настаните поврзани со конфликтот на Блискиот Исток.

„Кај нашиот источен сосед инфлацијата надминува шест проценти, во Хрватска е околу 5,5 до шест проценти, додека кај нашиот јужен сосед е приближно 4,5 до пет проценти. Затоа очекувам во тие рамки да се движи инфлацијата, но е исклучително важно да се следи како ќе се менува месечната инфлација за основните прехранбени производи во однос на март. Со тоа што го правиме со Државниот пазарен инспекторат, не очекувам да биде поголема од 1 процент месечно, зборувам за март“, изјави Мицкоски.

Од друга страна, реагираше претседателот на СДСМ, Венко Филипче, поради растот на цените на горивата и недостигот на економски мерки. Како што нагласи, потрошувачката кошница станала поскапа за околу 3.300 денари годишно. Филипче додаде дека доколку Владата ги прифатела нивните предложени мерки, немало да има толкав раст на цените.

„Премиерот и неговата влада сè уште одбиваат да ги прифатат нашите предложени мерки, да се укине ДДВ-то за храната со цел храната што значително поскапела да поевтини, да се намали дополнително ДДВ-то за горивата на 5%. Тие тоа не го направија, напротив, одбиваат да ги преполоват цените на патарините, што значително би го олеснило функционирањето и патувањето на граѓаните“, изјави Филипче.

Според податоците на Европската централна банка, инфлацијата во еврозоната ќе се зголеми, просечно за 2,7 проценти оваа година, но ќе се врати близу целта од два проценти следната година, според тримесечната анкета на професионални прогнозери на институцијата. Според податоците на Државниот завод за статистика, инфлацијата мерена преку индексот на потрошувачките цени во март 2026 година, во споредба со февруари 2026 година, изнесува 0,7 проценти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Инфлацијата на храната нема да надмине…

Инфлацијата за основните прехранбени производи не се…

Цените на сировата нафта паѓаат, но барелот…

На лондонскиот пазар, барел нафта од типот…

Кривични пријави против кочанскиот градоначалник и Александар…

Кривични пријави против кочанскиот градоначалник, Владко Грозданов…

Засилени контроли за боледувања: ФЗОМ ја разгледува…

Сомнежите за злоупотреба на боледувањата го натераа…

Иран ги обвини САД за убиство на…

Иран ги обвини САД за убиство на…