Мицкоски можеби ќе појде во синдикатите в понеделник, но постави услов
За премиерот немало проблем да отиде в понеделник во седиштето на Сојузот на синдикатите на Македонија, но не кажа дали е подготвен да го потпише колективниот договор за зголемување на работниците од 40 отсто.
Во игра на зборови тој рече:
„Не е проблем јас да појдам во ССМ, понудата е на маса. Нека се одважи гранковиот синдикат УПОЗ да потпише и тогаш и 7.700 државни административци ќе добијат за две години и два месеца зголемување од 40 проценти на плата“, рече Мицкоски денеска од Тетово.
Одговарајќи на прозивките и обвинувањата од владата и од ВМРО-ДПМНЕ претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов вчера го покани премиерот Мицкоски в понеделник во 9 часот да дојде во зградата на ССМ и заедно да го потпишат колективниот договор со кој платите на работниците ќе се зголемат за 40 проценти, како што според Трендафилов, пишувало во соопштението на Владата.
„Понудата е ставена на маса и доколку се прифати од нивна страна, не е проблем. Понудата е каде било да се одржи тој состанок – било во Владата, било во ССМ или во некоја друга просторија. Нека се одважи гранковиот синдикат УПОЗ, има таму уште еден репрезентативен синдикат, ние сме подготвени. Понудата е ставена на маса и доколку се прифати од нивна страна, нема никаков проблем. Тогаш и овие 7.700 работници државни административци ќе добијат за две години и два месеца миниум 40 проценти поголема плата, изјави Мицкоски.
Од ова произлегува дека двете страни се на истите позиции – ССМ, барем според изјавата на Трендафилов, би потпишал зголемување на платата од 40 проценти, но тоа да важи од сега, а за Владата тоа треба да оди постепено, до 2028.
Мицкоски не го видел предложениот закон на СДСМ за зголемување на минималната плата и го повтори познатиот став на Владата: за тоа да се договорат работниците и работодавачите.
„Ние сме најголем работодавач, нашите односи со работниците се регулирани. Останува уште еден мал дел од 7.700 вработени во државната администрација односно административни службеници. Понудата е на маса – доколку синдикатите, двата репрезентативни синдикати или претставници на синдикатите се сложат, ние сме подготвени уште утре тоа да го прифатиме. Со други зборови за две години и два месеца од денеска вработените во државната администрација ќе имаат миниум 40 проценти повисоки примања. Тоа е нашиот предлог. Останува на синдикалните лидери да се отргнат од политичките влијанија и во интерес на работниците, да го потпишат. Владата во трипартитниот дијалог е само олеснувач, а СДСМ е само политичка партија“, изјави Мицкоски.
Тој ја осуди судската пресуда за новинарката Лиридона Вејсели која треба да плати казна од 700 евра затоа што во новинарски прилог споменала име на судија.
„Новинарите треба да се однесуваат етички, да служат да ја информираат јавноста. Слободата на говорот е пред сѐ и над сѐ и кој било напад врз новинар, вклучително и овој за кој сега вие кажувате, најостро го осудувам и апелирам тоа да не се повторува во иднина без разлика дали е од страна на некој политичар, некоја јавна личност, судија во случајот, бидејќи тоа може да се толкува како ограничување на слободата на говор“, рече Мицкоски.
По пуштањето во употреба на реконструираната гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово Мицкоски ја повтори вчерашната изјава дека укинувањето на постмониторингот за Македонија во Советот на Европа „е рамо до рамо со денот со денот на прогласување на независноста“
„Со ова се признава дека оваа држава е зрела демократија, дека се почитуваат човековите права и дека имаме функционална влада која се грижи за иднината на оваа држава. И со тоа, практично ние сме единствената држава од Западен Балкан која сега нема никаков ниту мониторинг, ниту постмониторинг. Сите останати земји, вклучително и таканаречените фронтранери, се или во мониторинг или во постмониторинг“, рече Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски можеби ќе појде во синдикатите в…
За премиерот немало проблем да отиде в…
(Видео) Граѓаните кои треба да платат данок…
Граѓаните кои треба да платат данок за…
Непознато лице со стаклени шишиња фрлило кон…
На 31.01.2026 во 03:22 часот во СВР…
Мицкоски: Македонија ќе се изјасни по нон-пејперот…
Македонија ќе го разгледа нон-пејперот на ЕУ…
Израел негира вмешаност во експлозиите во Иран
Израел не е вклучен во серијата експлозии…