Мицкоски: На лидерската средба покажавме зрело однесување – се согласивме дека техничката влада треба да се укине

t

По денешната лидерска средба премиерот Христијан Мицкоски изјави дека јавноста беше сведок на еден поинаков пристап на решавање на отворени прашања, нешто што можеби изминатите 35 години државност не се случувало, преку една плодна дискусија во рамките на оваа лидерска средба и во една дебата би рекол која што морам да кажам во одредена мерка беше полна со предлози и идеи.

Мицкоски истакна дека за дел од отворените прашања се има исто мислење и дека средбата била конструктивна.

Според Мицкоски, ако нема согласност кај сите парламентарни групи да се прифати предлогот за укинување на пржинската влада, таа да важи и за следните избори, па потоа да се укине.

„Голем дел од отворените прашања се отворија. За дел од, би рекол за поголем дел од тие поголеми отворени прашања имаме исто мислење, имаме заеднички јазик, за едел нормално позоциите ни се разликуваат. Но, она кое што за мене важно е преку една ваква дискусија во која што сите чинители на оваа лидерска средба кои што беа присутни кажаа јавно пред вас новинарите и македонската јавност дека истата била конструктивна“, истакна премиерот.

„Мислам дека сите претставници денеска се согласивме за техничката влада. Сите денеска присутни се согласивме, имаше сугестија од еден од присутните да се направи консултација со меѓународната заедница, но генерално сите се согласивме дека техничката влада треба да замине во минатото. Мислам дека треба да покажеме одговорност и пред меѓународната заедница дека сами можеме да носиме зрели одлуки, па така и за мене ова е зрела одлука и мислам дека техничката влада треба да замине во минатото, сепак не е ниту мој личен би рекол карактер ниту пак начин на размислување да тоа не биде консензуално во рамките на пратеничките групи, одлука којашто ќе се донесе“, изјави Мицкоски

„Денеска видовте дека една коалиција би рекол отсуствуваше па така доколку таа коалиција не го прифати ова носење на измени во Законот за влада со којшто ќе се избришала техничката влада за следните парламентарни избори. Знаете дека тој закон се менува со просто мнозинство во Парламентот со 61 глас за, сепак мојот предлог беше да не го правиме тоа на сила без нивна согласност него да донесеме измени во законот во којшто после следните избори, тие коишто ќе следат тогаш да не важи техничката влада, еве да важи за овие ако толку тие инсистираат да важи за овие избори техничката влада, еве измените коишто би ги донеле да не ги опфатат следните парламентарни избори туку некои следни коишто ќе следат потоа, но притоа мораме да направиме одредени измени секако во Законот за влада, зошто? Затоа што сега имаме промена на ресори. Да речеме Министерство за информатичко општество и администрација, поранешно МИОА сега е во две министерства поделено, јавна администрација и дигитална трансформација. Министерството за социјална политика и труд сега има нови ингеренции, сега е Министерство за социјална политика, демографија и млади, а труд веќе замина кај економија, па така треба да се допрецизираат ако веќе и следните избори функционира техничката влада каде овие дополнителни заменик-министри или министри ќе бидат номинирани“, продолжи премиерот.

„Така што еве ние сме подготвени ако веќе нема согласност кај сите парламентарни групи во рамките на Парламентот за следните избори да се избрише техничката влада, барем за тие потоа и веќе никогаш да не се повтори. Ќе потсетам за време на Пржинскиот договор мандатот на техничката влада имаше ограничен рок и тоа требаше да биде само за тие избори, ние сега од една страна планираме да биде дел од европското семејство, а од друга страна бараме техничка влада. Мислам за мене некои работи се навистина какофонични, но тоа е што е само за да излеземе од овој ќор сокак еве ние го прифаќаме и тој компромис. Ако од опозициската СДСМ мислат дека за следните избори е потребно техничка влада, во ред нека биде за следните, но барем од тие потоа кој и да победи на следните избори да нема повеќе техничка влада“, рече Мицкоски.

„Зборувавме за изборот на народниот правобранител, мислам дека тука ќе бараме одредени креативни решенија и коишто треба деновиве да се случат. Зборувавме во делот и на изборниот законик, бројот на изборни единици, начинот на гласање на дијаспората, во делот на економските прашања се отворија исто така некои од темите, така што ја ценам оваа средба како еден нов начин и нов пристап на решавање проблеми, а не генерирање на проблеми“, истакна тој.

„Очекувам предлози од страна на опозицијата којшто во иднина и самото владино мнозинство ќе ги подржува коешто ќе значат додадена вредност во квалитетот на животот на граѓаните, така што мораме да зрееме во процесот и јас сум навистина задоволен како човек којшто го организираше ова денеска, како претседател на Владата што после 35 години имавме лидерска средба во којашто се нудеа решенија, а не се генерираат конфликти“, заврши Христијан Мицкоски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: На лидерската средба покажавме зрело однесување…

По денешната лидерска средба премиерот Христијан Мицкоски…

14,3 МИЛИОНИ ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ НА ПРАТЕНИЦИТЕ…

Во држава во која минималната плата едвај…

АКТ: 51 тендер и 16 милиони евра…

Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска објавува нова…

14,4 МИЛИОНИ за патни трошоци на пратениците…

14.369.470 денари е сумата која пратениците во…

СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Се надеваме дека наскоро…

СДСМ преку ново соопштение порача дека ги…