Мицкоски на средба со Кошта: Македонија е посветена на европскиот пат, но заслужува достоинствен и принципиелен процес

t

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево во рамки на посетата на Минхен остварил средба со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта. На средбата Мицкоски истакнал дека Македонија останува посветена на европскиот пат и реформите, но оти заслужува достоинствен и принципиелен процес, базиран на европски вредности, а не на билатерални условувања.

– Разговаравме отворено и искрено за европската перспектива на Македонија, за реформите кои ги спроведуваме и за предизвиците што стојат на патот кон полноправно членство во Европската Унија. Јасно ја пренесов нашата позиција Македонија останува посветена на европскиот пат. Но, исто така, Македонија заслужува достоинствен и принципиелен процес, базиран на европски вредности, а не на билатерални условувања, посочил премиерот Мицкоски на средбата.

Нашата Влада, потенцирал тој, работи на суштински реформи: владеење на правото, борба против корупцијата, економска стабилност и подобар животен стандард за граѓаните.

-Европската иднина не е само политичка цел, таа е избор за подобра држава. Продолжуваме да работиме. Одговорно, чесно и со јасна визија за Македонија во Европа!, напиша Мицкоски на Фејсбук по средбата со Кошта.

Претходно денеска премиерот Мицкоски во рамки на 62. Минхенска безбедносна конференција, оствари средба со раководството на 4IG на која се разговарало за пакет од 100 милиони евра инвестиции во неколку сфери во земјата. Исто така тој имаше работна средба и со менаџментот на германскиот гигант „Шварц груп“ под кого работат светски познатите брендови „Лидл“ и „Кауфланд“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски на средба со Кошта: Македонија е…

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево во…

,,Ќе молчиш или ќе зборуваш?“ – Стоп…

Профилот Стоп за Усје објави јавен повик…

КАЛАЈЏИЕВ ДОБИ КАЗНА ОД „СЕЈФ СИТИ“: Возел…

Професорот по кривично право Гордан Калајџиев ја…

Зоран Заев се уште не поднел тужба…

-Јавно барам извинување од пратеникот Петрушевски и…

Новите ДДВ правила ги забавија пратките, Пошта…

„Пошта на Северна Македонија“ информира дека работи…