Мицкоски на средба со Мацут, зборувале за унапредување на билатералната соработка и продлабочување на економските врски

t

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, оствари средба со претседателот на Владата на Република Србија, Ѓуро Мацут. На средбата, разговарале за унапредување на билатералната соработка, регионалната стабилност и можностите за продлабочување на економските и институционалните врски меѓу двете земји.

„Во пријателска и конструктивна атмосфера разменивме мислења за актуелните предизвици и заедничките приоритети, со посебен акцент на јакнењето на регионалната поврзаност, инвестициите и соработката во области од заемен интерес. Ја потврдивме подготвеноста за понатамошно развивање на добрососедските односи и заедничка работа во насока на просперитет, стабилност и подобра иднина за граѓаните на двете држави“, објави Мицкоски.

Премиерот Мицкоски со владина делегација е во посета на Србија, каде во Нови Сад попладнево беше одбележан големиот јубилеј – 80 години од доселувањето и организираниот живот на Македонците во Војводина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски на средба со Мацут, зборувале за…

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, оствари средба…

Србија од јуни ќе произвдува хуманоидни роботи

Производството на хуманоидни роботи во Србија ќе…

Србија: Договорите од Кина носат една милијарда…

Министерката за внатрешна и надворешна трговија на…

Левица: Економскиот раст на Мицкоски е статистичка…

Фалбите од собраниска говорница, на Христијан Мицкоски…

Српските критички медиуми Н1 и Нова продадени…

Компанијата „Адриа њуз“ која ги поседува медиумите…