Мицкоски на средба со францускиот министер за Европа во Лондон

t

Премиерот Христијан Мицкоски и политичкиот дел од делегацијата во Лондон денес имале средба со францускиот министер за Европа, Бенжамин Хадад.

„Разговаравме за билатералните односи, напредокот на патот кон Европската унија и континуираната поддршка од Франција за европската перспектива на нашата држава.

На средбата ја истакнавме цврстата посветеност на Владата на реформските процеси и на членството во Унијата, како и потребата од забрзување на овој процес. Стана збор и за актуелните случувања во регионот и за улогата на нашата земја како одговорен и конструктивен партнер кој активно придонесува кон стабилноста и безбедноста во регионот“, напиша министерот Тимчо Муцунски на Фејсбук.

Иако оваа влада го одби францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија ја користи секоја можност да има средба со француски преставници, откако стана јасно дека самата не успева ништо околу евроинтеграцијата и ако одолговлекува натаму – ќе треба со рускиот сателит Дељан Пеевски да преговара за ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски на средба со францускиот министер за…

Премиерот Христијан Мицкоски и политичкиот дел од…

На дел од онколошки болните им доцни…

Сашко Стоилов е 55 годишен онколошки пациент…

70-годишен пензионер е човекот кој пукал во…

Српските власти излегоа со детали околу денешниот…

Тасевски: M-НАВ има право и овластување да…

Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ)…

Ѓорѓиевски: Скопјани се дават во отпад поради…

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела…