Мицкоски: Не очекувам прогрес во СДСМ, ќе се продолжи со заевизмот, затоа одиме на избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешното гостување на телевизија Алфа се осврна на темата нова влада предводена од Димитар Ковачевски. Тој вели „не очекувам прогрес во СДСМ, ќе се продолжи со заевизмот, затоа одиме на избори“.
Според него за успех треба мотивација.
„Гледате првите луѓе кои дојдоа во општините се мотивирани, а наидоа на многу лоша ситуација. Но, тоа го констатиравме, ама тие работат посеветено затоа што се фантастично мотивирани. Тие за два месеци имаат исполнето повеќе отколку нивните претходници за 4 години. Првиот човек е тој кој мотивира, ако тој ви се јавува само да ви каже кој да го добие тндерот, ако малку време посветува на организација, нема тогаш мотивација. Така почнува разочараност и така сме неуспешни“, рече Мицкоски.
Оттука, додаде тој, тоа во СДСМ не го гледам и затоа не очекувам прогрес во СДСМ, односно ќе се продолжи со заевизмот. Затоа според него треба да се оди на избори.
„Не очекувам на подобро, тоа се промени каде не гледам потенцијал за напредок.
Ковачевски треба да добие легитимитет од народот, сега го нема. Тој сега остава впечаток на поклоник на Заев. Затоа треба да одиме на избори“, вели Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Историски шамар за ВМРО-ДПМНЕ од сопствените…
СДСМ оценува дека денешното однесување на Европската…
Филипче: Власта демонстрира бесчувствителност, ароганција и тотално…
По една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ,…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…