Мицкоски очекува наскоро добри вести за македонските граѓани од САД

t

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува наскоро добри вести за македонските граѓани од САД.

Тој појасни дека суспендирањето на визите за 75 земји, меѓу кои и Македонија, не ги опфаќа визите за потребите на студирањето и туристичките посети, туку само оние кои се однесуваат на имиграција.

„Мислам дека во деновите кои следат ќе има добри вести за македонските граѓани кога станува збор за ваквов тип на односи помеѓу нашиот стратешки партнер“, рече Мицкоски. Во таа насока изрази и разочараност од однесувањето на опозицијата. „Жалам што опозицијата, по жестоките и рафални критики кон Обединетото Кралство, тоа го прави сега и со САД. Неодамна кога беа наметнати оние трговски тарифи од 30 до 35 отсто, истите тие кои јас ги нареков талог на општеството во политиката поитаа да го навредуваат САД, а ги немаше да се извинуваат кога стапката се намали на 15 проценти“, рече премиерот. Мицкоски очекува позитивен исход. „Јас би бил внимателен и трпелив и очекувам добри вести“, додаде.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски очекува наскоро добри вести за македонските…

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува наскоро…

Крај на „дивото“ инфлуенсерство: Ако имате над…

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги…

Mицкоски се испрати со Агелер

Денеска се одржа проштална средба со амбасадорката…

Од вторник започнува тестирањето на камерите на…

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните…

Зеленски: Украинскиот тим оди во САД за…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави…