Мицкоски: Повикувам на народен отпop за промена на власта, постои огромно незадоволство

t

Ценам дека час поскоро, ако се одговорни и ако мислат добро на граѓаните и на Македонија дека треба да седнеме на една лидерска средба, да ги договориме правилата на играта и да одиме на предвремени парламентарни избор, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на телевизија Канал 5.

Мицкоски истакна дека следува катарза и во другите органи на партијата додавајќи дека добро е да има освежување и промени онаму каде што има слаби резултати укажувајќи дека потребно е континуирано да се подобруваат.

Ние повикавме на еден општ фронт, општествена поддршка, мобилизација на граѓаните, во тек се внатрешна лесна катарза во ВМРО-ДПМНЕ после локалните избори, определени би рекол кадровски поместувања, најпрво во Извршниот комитет, сега во другите органи на партијата ќе има во Општинските комитети, и цениме дека тоа е добро и здраво и покрај тоа што имавме историски резултати и во првиот и во вториот круг, добро е онаму каде што треба да има освежување да има освежување, онаму каде што има слаби резултати да се менува нештото, затоа што потребно е континуирано да се подобруваме, кажа Мицкоски.

Има неколку начини до предвремени парламентарни избори, да ја разработуваме стратегијата, институционална и вонинституционална. Ние ќе продолжиме и понатаму да правиме притисок и да бараме предвремени парламентарни избори затоа што ќе повторам дека тоа е добро за државата, рече Мицкоски.

На прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ планира протести во наредниот период, Мицкоси потврдно одговори изјавувајќи дека она што е на анкетите како јавно мислење треба да се преслика и на терен

Да да се планираме. Јас го најавувам во вашата емисија дека ќе повикаме на општествена поддршка затоа што тоа што го гледаме на анкетите како јавно мислење треба да се преслика и на терен, изјави претседателот Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Четири активни пожари до 19 часот во…

Известување од Центарот за управување со кризи,…

Николај Милков: Нужно е да зборуваме со…

Со PM имаме шанса да ги решиме…

Османи: “Северна Македонија деновиве е претворена во…

„Северна Македонија деновиве е претворена во центар…

Мирот, стабилноста и безбедноста се осигурани за…

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ,…