Објавено на:

Мишел: Европската политичка заедница не е алтернатива на проширувањето

t

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, по дебатата на лидерите на ЕУ за европската политичка заедница, изјави дека тоа „не е алтернатива на проширувањето“, туку платформа во рамките на која лидерите на земјите-партнери на европскиот континент би соработувале за обезбедување стабилност и напредок на Европа.

– Првиот состанок треба да се одржи во Прага, за време на чешкото претседателство со Советот на ЕУ, по летната пауза, рече Мишел.

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, кој прв ја претстави идејата за европска политичка заедница, смета дека има потреба од „европска политичка рамка која ќе се занимава со стратешки прашања“.

– Видовме дека проширувањето, поради неговата брзина, не е адекватно за се што правиме во Европа. Затоа го сакаме овој нов пристап … во кој партнерите би можеле да разговараат за прашања како што се безбедноста, енергијата, инфраструктурата, економијата, здравството, рече Макрон.

На крајот од самитот на лидерите на ЕУ во Брисел, тој повтори дека е договорено првите состаноци во овој формат да се одржат за време на претстојното шестмесечно чешко претседавање со Советот на ЕУ и дека идејата е да биде „средба на рамноправните“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како членките на ЕУ им помагаат на…

Податоците на Евростат велат дека во 2021…

Фон дер Лајен: Постигнати се пресвртници во…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Главчев за Македонија: Не е нормално земја…

„Денеска ќе бидам на самит во Брисел…

Турција ќе добие уште една милијарда евра…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Албанија отвори уште еден кластер во преговорите…

Денеска во Брисел се одржа третата меѓувладина…