Младите спортисти приоритет за Ѓорѓиевски: Општината финансиски ќе подржи млад пливач

t

На Фејсбук, градночалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски објави дека општината ќе излезе во пресрет со финансиска помош за млад спортист. Објавата ја пренсуваме интегрално:

„🏊‍♀️ Грижата за младите спортисти е мој приоритет, од сега нашиот пливачки репрезентативец Кристијан Стојановски може да смета на финансиска поддршка од
општина Кисела Вода ☑️


💪 Кристијан е седумнаесетгодишник од населбата Пинтија.
Со пливање се занимава од својата петта година и досега има значајни меѓународни успеси.
Денес, овој перспективен пливач кој е регистриран член во македонската Национална Пливачка Федерација и репрезентатитвец на #Македонија🇲🇰 во далечинско пливање, беше гостин во мојот кабинет и ги сподели своите достигнувања. Заеднички продискутираме што за еден млад човек значи спортската кариера, како изгледа едно негово секојдневие и кои се неговите потреби, односно во кој сегмент најмногу би му значела поддршка од локалната самоуправа.

🏊‍♀️ Тој со своите 17 години досега ги претставувал боите на Македонија на Европското јуниорско првенство во Париз, каде бил во дваесетте најдобри.

Од државното првенство во Србија во јули, се вратил со освоено второ место на 7.5 км, со прво место на 5 км во Бачка Топола, како и со поставен рекорд на стаза во Костовац, Србија на 3.3 км.
🌞 Летово пливал и на Светскиот Куп во Охрид на 10 км, од државното првенство во Косово се вратил со второ место, а посебно истакна дека е горд за учеството на Европскиот Куп одржан на 14 август во Охрид, каде имал можност да плива заедно со олимпијците.

👎 Како интересен податок, кој нималку не е за пофалба, е тоа што овој пливач кој од 2017-тата се натпреварува меѓународно, досега од локалната самоуправа нема добиено никаква награда, ниту некаква финасиска поткрепа, со која би му се овозможиле подобри услови за тренинг и финасиско олеснување кога се во прашање уплаќањата на котизација за учество на натпреварите.
Но, тоа е минато.

☝️ Грижата за младите спортски таленти е во мојата приоритетна листа и тој од сега младиот Кристијан, може да смета на финасиска поддршка од општина Кисела Вода, која треба да му го олесни патот кон спортските успеси, а Кристијан даде ветување дека ќе даде се од себе да донесе за себе, за својата Кисела Вода и за својата Македонија што повеќе медали.

🤝 Нешто што ќе има можност наскоро да го докаже, бидејќи во наредниот период му претстојат повеќе интернационални пливачки натпреварувања во Турција, Италија, Шпанија, Србија, како и на Сејшелите.“ – Пишува во Фејсбук објавата на градоначалникот на Кисела Вода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дали знаете колку титули има Дибиров во…

Тимур Дибиров е срцето и душата на…

Бабунски: Македонија ќе ја победи Бугарија!

Новото издание на Лигата на нации на…

Сонцето од Кутлеш гордо се вееше во…

Дарко Чурлинов и тимот на Шалке 04…

Македонските девојчиња Илина и Ева повторно постигнаа…

Македонските девојчиња Илина (15) и Ева (12)…

ШОУ: Ибрахимовиќ ја „запали“ атмосферата и го…

Голем број навивачи на Милан се појавија…