Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на македонската и косовската Влада во Приштина
Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина седница, се пофали вицепремиерот Изет Меџити на Фејсбук.
– Г.Албин Курти е првиот премиер кој беше пречекан од нашата Влада! Ова е добар знак, показател дека Косово има посебно место во новата Влада и дека нашите односи се одлични.
Денеска бевме сведоци дека соработката и односите меѓу нашите две земји се продлабочуваат . Оваа средба е важен чекор кон зајакнување на нашите стратешки врски, со цел блиска соработка.
Главните точки на денешната средба беа:
Одржување на заедничка седница на владите на Северна Македонија и Косово до крајот на годинава што ќе се одржи во Приштина. Ова седница ќе биде важна платформа за разгледување на заеднички идеи и проекти, како и за продлабочување на соработката меѓу надлежните ресори, што ќе биде во интерес на двете земји.
Забрзување на процедурите за патот Призрен-Тетово: Овој проект ќе помогне да се подобри инфраструктурната врска меѓу нашите две држави, да се олесни проток на луѓе и стоки, како и да се промовира економскиот и социјалниот развој во регионот.
Забрзување на изградбата на патот Скопје-Блацe: Ова е уште еден стратешки проект што ќе помогне во подобрувањето на нашите инфраструктурни врски, олеснувајќи го пристапот и економската соработка меѓу Северна Македонија и Косово.
Промената вреди!
Косово секогаш во нашите срца! – напиша Меџити на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Како се чисти снег: „Не е…
Не е Швајцарија, Косово е, стои во…
Одделот за внатрешна контрола не утврди вина…
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска…
Откриен случај на заразен од „мајмунски сипаници“…
На Косово е забележан првиот случај на…
И покрај ветувањата, Владата не обезбедила доволно…
Сојузот на Здруженија на лица со дијабетес…
Маќедонци: Со ракетите „Џавелин“ го штитиме секој…
Само ден откако косовскиот премиер Албин Курти…