Објавено на:

“Многу луѓе ја мразеле Русија со години”: Околу 20.000 странски доброволци ќе ја бранат Украина

t

Досега околу 20.000 странски доброволци аплицираа да и помогнат на Украина во борбата против Русија, изјави денеска украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.

-Во моментов нивниот број е околу 20.000. Тие главно доаѓаат од европските земји, изјави Кулеба за Си-Ен-Ен, додавајќи дека многу луѓе ја „мразеле Русија“ со години, но не им било дозволено да и се спротивстават. Тој рече дека има доброволци од 52 држави, но не сакаше да прецизира за кои земји станува збор.

Кулеба оцени дека иако ја разбира „потребата на луѓето да се борат“, поважно е да се добие политичка, економска и воена помош од светот.

Кон крајот на февруари, украинскиот претседател Володимир Зеленски најави формирање на „меѓународна легија“ од странски борци за да помогне во одбивањето на руската инвазија.

Доброволците се поканети да аплицираат во украинските амбасади во нивните земји.  (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија осуди фотограф на 16 години затвор…

Руски суд во четврток соопшти дека го…

Зеленски: Потребен е силен 18-ти пакет санкции…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави…

Унгарија блокираше отворање на преговорите за пристапување…

Унгарија ја блокираше одлуката на самитот на…

Рускиот министер за финансии: Во Русија нема…

Во Русија нема рецесија, во тек е…

Ердоган: Трамп е подготвен да се приклучи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…