Многу топло, попладне дожд и грмежи

t

Времето денеска во државата е сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Како што соопшти УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 38 степени.

Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Во среда и четврток ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Поради брз продор на посвежа воздушна маса од север, во петок времето ќе биде променливо облачно, малку посвежо и ветровито со услови за локален дожд. Во деновите од викендот ќе биде стабилно со пораст на дневната температура.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Многу топло, попладне дожд и грмежи

Времето денеска во државата е сончево и…

Алијанса за Албанците: Политичката групација „ФЛЕН“, потоната…

Политичката групација „ФЛЕН“, потоната во конфузија и…

Прва заедничка обука на српската и кинеската…

Специјални единици на кинеската и српската армија…

Зеленски: Имав многу добар разговор со Трамп…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека…

Илон Маск со ултиматум ја уценува сопствената…

Илон Маск се закани дека ќе го…