Мнозинството Американци се против војна со Иран

Мнозинството Американци изразуваат незадоволство од начинот на кој претседателот Доналд Трамп се справува со прашањата поврзани со израелско-иранската војна, според најновата анкета на весникот „Економист“.
Анкетата спроведена помеѓу 13 и 16 јуни покажа дека 37 проценти од нив го одобруваат начинот на кој Трамп го решава конфликтот меѓу Иран, 44 проценти не се задоволни од неговиот пристап кон Израел, а 41 процент од неговиот пристап кон Иран.
Кога станува збор за воена интервенција, само 16 проценти од Американците сметаат дека САД треба да интервенираат, а 60 проценти се против каква било воена акција.
Според анкетата, половина од Американците го сметаат Иран за непријател, додека пет проценти го сметаат Иран за сојузник или пријателски.
Во исто време, анкетата покажува дека 36 проценти од Американците го сметаат Израел за сојузник на САД, додека речиси половина велат дека Израел е „пријателски“ или не се сигурни, 10 проценти го сметаат Израел за непријателски настроен, а шест проценти го гледаат како непријател.
Повеќето Американци претпочитаат дипломатија пред воена сила, при што повеќе од половина од испитаниците веруваат дека САД треба да преговараат со Иран за неговата нуклеарна програма – демократите 58 проценти, републиканците 61 процент.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мнозинството Американци се против војна со Иран
Мнозинството Американци изразуваат незадоволство од начинот на…
Британија привремено го повлекува целиот персонал од…
Велика Британија соопшти дека привремено го повлекува…
Босна и Херцеговина привремено ги затвора амбасадите…
Заедничките институции на БиХ започнаа подготовки за…
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…
Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…