Мобилен царински тим спречи обид за криумчарење на 312 парчиња пури
Поголема количина на пури во вредност од четири илјади евра се запленети од мобилен царински тим од Одделението за оперативни работи по извршена контрола на автобус на влез во државата на граничен премин Табановце. Против лицето К.Б, македонски државјанин, е поднесена кривична пријава до ОЈО Куманово за сторено кривично дело криумчарење, казниво по Кривичниот законик. Осомничениот е возач на автобусот вработен во компанија која врши меѓународен патен превоз.
Во конкретниот случај, мобилен царински тим, поради основано сомневање го застанал автобусот на детална контрола при што под седиштата како и во фабричка шуплина се пронајдени вкупно 312 парчиња пури од различни производители. Избегнатите давачки се проценети на 174,9 илјади денари. Акцизните производи, кои се предмет на обид за криумчарење се запленети и со донесување на наредба од ОЈО Куманово истите ќе бидат предадени на Агенцијата за управување со одземен имот.
Царинската управа продолжува со засилени контроли со цел спречување на нелегална трговија со акцизни производи, заштита на финансиските интереси на државата, заштита на здравјето на граѓаните и овозможување услови за фер економија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Со намалување на царините ја зголемуваме конкурентноста…
Со владината одлука за дополнително намалување и…
Спречен обид за криумчарење на лекови, злато,…
Царинската управа спречи обиди за криумчарење на…
Странец сакал да прошверцува 150.000 фунти на…
Царинските службеници на Меѓународниот аеродром Скопје откриле…
Мобилните царински тимови во 2025 со 271…
Мобилните царински тимови во текот на 2025…
Од 1 јули ЕУ воведува фиксна царина…
Советот на Европската Унија формално даде конечно…