Мобилните царински тимови во 2025 со 271 заплена и над 195 килограми дрога

t

Мобилните царински тимови во текот на 2025 година оствариле 271 случај на заплени, при што во 39 случаи запленети се 5.500 штеки цигари и 27,5 килограми тутун за наргиле, во четири случаи запленети се 195,5 килограми дрога, во 14 случаи запленети се 230 илјади евра, а запленети се и над 39 илјади парчиња лекови. Воедно, постигнат е значителен напредок за заштита на правата од интелектуална сопственост, при што во 39 случаи запленети се над 112 илјади парчиња производи со потпис на познати трговски марки.

Извршени се над осум илјади прегледи на возила при што спречени се 28 кривични дела, како и прекршочни дела во кои утврдените избегнати давачки изнесуваат осум милиони денари.

Постапувано е и по 30 барања за асистенција, при што во последен случај со помош на царинско куче од К9 единицата пронајдени се 10 килограми кокаин.

Мобилните царински тимови учествуваа и во три поголеми меѓународни акции – Shield VI, Stop IV, и ARMSTRONG XI. Станува збор за меѓународни акции чија цел е спречување на нелегална трговија со фалсификувани лекови и анаболици и заштита на правата на интелектуална сопственост преку спречување нелегална трговија со фалсификувани стоки, како и спречување на обиди за тероризам.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мобилните царински тимови во 2025 со 271…

Мобилните царински тимови во текот на 2025…

Од 1 јули ЕУ воведува фиксна царина…

Советот на Европската Унија формално даде конечно…

Приходите од царина во САД скокнаа за…

Владата на Соединетите Американски Држави објави дека…

ОЈО ГОКК: Сѐ уште трае акцијата за…

Во рамките на опсежната акција што се…

Царина заплени девет пиштоли, едно лице е…

Спречен e обид за сериозен меѓународен криминал,…