Момче во Словенија со нож бодело соученичка во лицето и во грбот
Ученик пробол соученичка со нож во Средното здравствено училиште во словенскиот град Мурска Собота, објави „Н1 Словенија“.
Полицијата веќе го привела осомничениот, а ученичката, според нивните наводи, завршила со полесни телесни повреди.
Директорката на училиштето, Златка Лебар, за „Н1“ потврди дека во училиштето се случил нападот со нож.
Според досегашните информации, ученикот го извршил нападот во еден од ходниците во училиштето.
„Во моментов сè уште го решаваме случајот, истрагата е во тек и не е завршена. Ученик повредил ученичка во еден од ходниците“, изјави Лебар, додавајќи дека не може да сподели повеќе информации, но дека состојбата е под контрола.
На прашањето дали ученикот го донел ножот со кој ја повредил ученичката во училиштето, директорката одговори дека не знае и дека тоа е прашање за самиот ученик.
Наставата е откажана, а според директорката, учениците веќе се упатени кон своите домови.
Наводно, ученичката била повредена по лицето и по грбот, а напаѓачот го напуштил просторот на училиштето со ножот и се упатил кон Домот за стари лица во населбата Ракичан.
Од Полициската управа Мурска Собота соопштија дека во 9:40 часот биле известени дека „непознато лице во едно од средните училишта напаѓа минувачи со нож“. На местото на настанот биле испратени и полицајци и криминалисти.
Тие потврдија дека ученик повредил ученичка, „која, според првичните информации, е полесно телесно повредена“.
Полицијата потоа, малку пред 10 часот, го привела осомничениот во околината.
„На местото има повеќе полицајци и криминалисти кои го обезбедија местото, собираат информации и се погрижија за безбедноста“, додадоа од Полициската управа Мурска Собота.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Момче во Словенија со нож бодело соученичка…
Ученик пробол соученичка со нож во Средното…
Судска постапка за пет деца за ужасното…
Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за…
Словенечка компанија разви една од најмоќните батерии…
Инженерската компанија RTC разви една од најмоќните…
Словенија нема да учествува на Евровизија доколку…
Словенија не планира да учествува на Евровизиja…
Словенија ќе ги признава возачките дозволи на…
Словенија усвои измени на Законот за возачи,…