Момче можело да загине во Штип, се истражува како паднало од прозорец на кола што се движела
21-годишно момче, кое било сопатник во автомобил кој се движел, паднало и тешко се повредило во Штип ноќеска, а надлежните истражуваат како дошло до невообичаената, но сериозна несреќа.
„На 27.07.2026 околу 01:35 часот во СВР Штип било пријавено дека на крстосница од ул.„Сремски Фронт“ со ул.„Солидарност“ во Штип, од отворен прозорец на патничко возило „ауди“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал Б.С.(22) од Штип, паднал сопатникот Н.А.(21) од Штип. Притоа, сопатникот Н.А. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Штип и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, пишува во полицискиот билтен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Момче можело да загине во Штип, се…
21-годишно момче, кое било сопатник во автомобил…
Ограбена потстаницата на Македонски железници во Драчево
Полицијата во Скопје вчера добила пријава од…
Приведени Германец и Србин со дрога и…
Граничната полиција на Табановце спречи внесување дрога…
По четири часа изгаснат е пожарот меѓу…
По четири часа Територијалната противпожарна единица Радовиш…
Прилепчанец со над 2 промили алкохол приведен…
Дваесет и осумгодишен жител на Прилеп е…