Морничаво: Едно лице загина откако се заглави во мотор на авион во Амстердам
Едно лице загина на аеродромот во Амстердам откако се заглавило во моторот на авион непосредно пред полетувањето, соопшти авиокомпанијата KLM.
KLM соопшти дека во несреќата учествувала летот KL1341 кој летал за Билунд.
„Денеска се случи фатален инцидент на аеродромот Шипхол при што едно лице заврши во моторот на работен авион. За жал, ова лице почина“, се вели во соопштението на компанијата, во кое се истакнува дека истрагата е во тек.
Авионот се движел до пистата и требало да полета, но бил запрен откако бил откриен дефект на моторот, изјавил за британски Телеграф извор од холандската воена полиција.
Жртвата се уште не е идентификувана, а властите истражуваат дали се работи за несреќен случај или самоубиство.
Авионот бил полн во моментот на инцидентот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од март директна авиолинија од Скопје до…
Од март ќе биде воведена директна авиолинија…
Симон Трпчески одржа концерти во Монте Карло…
Македонскиот пијанист Симон Трпчески одржа концерт во…
Човек загина по удар од воз кај…
На железничката пруга кај булеварот „Србија“, синоќа…
Морничаво: Едно лице загина откако се заглави…
Едно лице загина на аеродромот во Амстердам…
ЕДНО ЛИЦЕ ПОЧИНА, повеќемина се повредени при…
Едно лице загина, а други се повредени…