Москва обвинува: Украина подготвува монструозна провокација за Велигден!
Руското Министерство за одбрана во понеделникот соопшти дека Киев, со западна поддршка, планира да ги гранатира црквите среде православните Велигденски прослави во јужна и источна Украина, а потоа да ја префрли вината на Москва.
„Националистичките баталјони ќе формираат повеќе од 70 мобилни групи опремени со минофрлачи со цел да ги гранатираат православните цркви во недела на Велигден“, рече генерал полковник Михаил Мизинцев, началник на Националниот центар за управување со одбраната на Русија.
Православните христијани ќе го прослават Велигден на 24 април. Според Мизинцев, нападите се планирани во регионите Запорожје, Николаев, Одеса, Суми и Харков. Планот е подоцна „да се обвинат руските војници за масовни убиства на цивили на овој свет ден“, рече тој.
Мизинцев додаде дека „неколку западни земји“ му помагаат на Киев во подготовката на „софистицирани монструозни провокации со бројни жртви“.
Министерството за одбрана соопшти дека има докази за тврдењата. Таа ги повика ОН, ОБСЕ и Меѓународниот комитет на Црвениот крст „да влијаат на режимот во Киев“ за да ги спречат наводните планирани напади.
Украина не ги коментираше наводите. И Киев и Москва постојано негираа дека убиле цивили и често се обвинуваат меѓусебно дека водат кампања за дезинформација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…
Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…
Курти по изјавата на Трамп: Треба да…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…