Мојсоска: Левица е втора партија во Кисела Вода, во Аеродром и Велес сме со иста тенденција

t

Левица веќе се наметнува како втора партија – оваа теза ја истакна пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, во гостувањето на ТВ 24.

Според Мојсоска, резултатите од Парламентарните избори – 2024 го потврдуваат местото на Левица како втора партија.

– Резултатите покажаа дека, еве, конкретно, Левица во Кисела Вода моментално е втора партија, така што СДСМ е трета партија. Истата тенденција ја имаме во Аеродром, во Велес – потенцираше Мојсоска.

Пратеничката и генерален секретар на Левица, Јована Мојсоска, зборуваше и за реалните очекувања во наредниот парламентарен состав. 

– Сега во наредниот парламентарен состав очекуваме веќе и Левица, конечно, да се постави како автентична левичарска партија и целосно да го заземе просторот на социјал-демократите – додаде Мојсоска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

Поранешниот косовски претседател ја попари Османи: НЕ…

Не постои ниту еден тип на имунитет…

Пронајден починат маж во напуштена куќа во…

На 02.08.2024 во 10.51 часот во СВР…

Делегацијата на Левица го напушти официјалниот дел…

Левица ја напушти прославата на Мечкин Камен,…

Апасиев: Левица е на местото каде велешкиот…

Левица е на местото каде велешкиот комунист…