Објавено на:

Муцунски дециден на средбата со бугарската колешка: За македонскиот јазик, идентитет, култура и историја не се разговара

t

На маргините на министерскиот состанок на НАТО во Хелсингборг, Кралството Шведска, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Велислава Петрова.

-На средбата беа разменети мислења за билатералните односи, регионалната соработка и европската интеграција на државата. Во таа насока министерот Муцунски ја нагласи потребата од изнаоѓање решение за билатералното прашање, кое го кочи процесот на отворање преговори со Европската Унија, потврдувајќи ги позициите на Владата и укажувајќи дека темите поврзани со македонскиот јазик, идентитет, култура и историја не можат да бидат предмет на разговори, соопштуваат од МНР.

Посебен акцент беше ставен на значењето на Коридор VIII и потребата од забрзување на активностите поврзани со отворањето на граничниот премин „Клепало“, како важен дел од регионалната инфраструктурна и економска поврзаност.

Министерот Муцунски го отвори и прашањето за почитувањето на правата на македонското малцинство во Бугарија, нагласувајќи ја потребата од доследно спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Муцунски дециден на средбата со бугарската колешка:…

На маргините на министерскиот состанок на НАТО…

Вартоломеј: Не постои света војна, дури и…

„Новото создание што ни го дарува воскреснатиот…

ВРЕДИ: Против кого протестира Бујар Ахмети, против…

Денес политичката иронија го достигна врвот. Бујар…

ПОСТИГНАТ ДОГОВОР МЕЃУ САД И ИРАН ЗА…

Телевизијата Ал Арабија објави дека нацрт-договорот за…

Мухамеди: Истите што ја исвиркаа химната непочитуваа…

Умејр Мухамеди го искометира однесувањето на навивачите…