Муцунски за повлекувањето на Мицкоски во 2029 г.: Потег за почит што ретко го гледаме и во светски рамки
Одлуката на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ да се повлече од челната позиција во партијата по неговиот трет мандат е потег за почит, вели министерот за надворешни работи и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1.
„Често мислев дека на крајот, претседателот Мицкоски сепак ќе донесе поинаква одлука, бидејќи логично е да не кажете дека заминувате по четири години и да продолжите, земајќи ја предвид популарноста на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија, но и изборните успеси коишто ги имаше. Но, со него сум дискутирал често на оваа тема. Многу обемни дискусии сме имале по ова прашање. И ги разбирам неговите причини. Можеби не во целост се согласувам, но ги разбирам. Максимално ги почитувам и сметам дека и целокупната јавност треба добро да го цени тоа што тој го прави за државата и специфичната одлука којашто одлучи да ја донесе – одлука којашто нашата држава не ја памти, одлука којашто не само во европски, туку и во светски рамки ретко ја гледате“, вели Муцунски.
„360 степени“: Тоа е, сепак, словото на вашиот Статут, сменет додека Мицкоски е лидер. Тој самиот вели – не може низ двојни стандарди да барате принципиелност од другите, ако сме го смениле Статутот и сме рекле дека лидерот може максимум три мандати да има, тогаш треба да го почитуваме тоа.
Муцунски: Но, расположението во рамките на партијата беше, до конгресот, да се промени Статутот. Тоа искрено ќе ви го кажам. И принципиелноста, да, остана на дело и затоа велам – треба да го почитуваме и да го цениме тоа што го направи претседателот Мицкоски, бидејќи тој го кажува токму тоа што го кажувате и вие – дека ако сакаме да кажуваме дека сме принципиелни, прво треба да почнеме од себе.
Прашан дали лично има амбиција да влезе во трката за иден лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Муцунски одговара:
„Секој човек, како битие, има амбиција. Мојата амбиција, во моментот, е единствено насочена кон функцијата којашто ја обавувам – најдобро што можам да ја извршувам функцијата министер за надворешни работи и надворешна трговија. И во делот на надворешно-политичкото работење, но и во делот на привлекување нови инвестиции за државата и создавање подобар трговски капацитет. Следните четири години претседател на ВМРО-ДПМНЕ е Христијан Мицкоски и мислам дека од моја страна би било некоректно да навлегувам во одговори на вакви прашања. Јас сум свесен, и ние сме свесни во рамките на партијата, дека и од страна на медиумите, дека и од страна на пошироката јавност, можеби ќе има таква дискусија. И нормално е да има. Но, следните четири години лидер на ВМРО-ДПМНЕ е Христијан Мицкоски и тој ја има, и ќе ја има, нашата максимална поддршка. А мојата лична амбиција е максимално фокусирање на функцијата којашто сега ја обавувам“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Муцунски за повлекувањето на Мицкоски во 2029…
Одлуката на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ…
Косово официјално доби противтенковско оружје од Германија
Косово официјално доби противтенковско оружје од Германија,…
Ахмети го условува влезот во секоја идна…
Избор на Влада и носење на одлуки…
Згасна „ТВ Сонце“ – телевизијата престана да…
Македонскиот телевизиски етер остана посиромашен за еден…
Мајтап држава: Општина Аеродром му даде рок…
Општина Аеродром му нареди на сопственикот на…