Муцунски очекува годинава да се отворат првите преговарачки поглавја
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на денешниот работен појадок со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија изјави дека во текот на 2025 година очекува конечен почеток на пристапните преговори преку отворање на првите преговарачки поглавја.
Оваа година, како што рече, земјава одбележува многу неславен јубилеј – 20 години од стекнување на кандидатскиот статус за членство во ЕУ. Додаде дека во овие две децении се донесени серија крупни одлуки и болни компромиси сè со една цел – остварување на генерацискиот стремеж за членство во Унијата.
„Крајно време е да продолжиме по европскиот пат. Подготвени сме за дијалог во добра волја, и изнаоѓање на рационални решенија. Време е и Унијата да донесе стратегиска одлука за тоа како понатаму ќе се постапува со нашиот пример како своевиден лакмус за кредибилитетот на европската приказна во регионот и пошироко. Притоа патот напред не води преку константа билатерализација на пристапниот процес и условување со прашања кои имаат малку заедничко со сржта на европската идеја и нејзините вредности“,
рече министерот за надворешни работи и надворешна трговија.
Дополни дека интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ е геостратешка неопходност, која ќе придонесе за зајакнување на мирот, стабилноста и безбедноста на целиот континент.
Сепак, рече дека процесот на пристапување кон ЕУ треба да остане кредибилен и заснован на заслуги, а постигнатиот напредокот да е препознатлив. Во оваа смисла, рече дека фокусот на Владата ќе биде уште посилно свртен кон спроведување на реформите во клучните области – владеење на правото и правосудството, неселективна борба против коруцијата, особено онаа од висок профил, унапредување на ефикасноста на институциите, реформа на јавната администрација и зајаканување на економските капацитети на државата.
На работниот состанок присуствуваше и евроамбасадорот Михалис Рокас, кој рече дека гледа со оптимизам на претстојната година поради досега вложените напори. Година, која, како што рече, почна и со сечење на ленти за два многу важни проекти од Коридорот 8 и Коридорот 10.
„Се надевам дека оваа година нема да се однесува само на сечење ленти, туку и на напредок во процесот на пристапување. Имаме одлична платформа со која можеме да работиме, реформската агенда е одличен документ, но исто така содржи и важни квадратчиња кои треба да се штиклираат во 2025 година. Ги има многу и заедно мојот тим од Делегацијата на ЕУ ќе ви помага Вам, на премиерот и на Министерство за европски прашања во унапредување на оваа важна агенда“, изјави Рокас.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Муцунски очекува годинава да се отворат првите…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија…
Во некои Министерства има притисоци вработените да…
Државната администрација од неколку министерства и денес…
(Видео) Рама на колена ja изненади италијанската…
Албанскиот премиер Еди Рама денеска и подари…
Кузеска: Одговорноста е кај Гаши и за…
Одговорноста е кај претседателот на Собранието, Африм…
МВР потврди: Исчезнатата Лидија Трајковска е жената…
Обдукцијата на телото на жената пронајдено во…