„Му се јавив на Биби, ќе го смири тоа“: Трамп уверен дека Израел ќе попушти пред клучните преговори
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е „многу оптимистичен“ за можен мировен договор со Иран, додека делегација предводена од Џеј Ди Венс се подготвува за клучни разговори во Пакистан, пренесе NBC News.
Трамп рече дека иранските лидери „се многу поразумни зад затворени врати“ и предупреди дека без договор ситуацијата ќе биде „многу болна“.
И покрај привременото примирје, израелските сили продолжуваат со напади во јужен Либан. Трамп во разговор со Бенјамин Нетанјаху побарал да се намалат ударите за да не се загрозат преговорите.
„Разговарав со Биби и тој ќе го смири тоа. Мораме да бидеме малку повоздржани“, изјави Трамп.
И покрај најавената двонеделна пауза во бомбардирањата, постојат несогласувања околу условите – САД и Израел сметаат дека Либан не е дел од договорот, додека Иран тврди спротивно.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Му се јавив на Биби, ќе го…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е…
Трамп бара конкретни чекори од НАТО за…
Американскиот претседател Доналд Трамп очекува сојузниците во…
Нетанјаху прифати преговори со Либан, Трамп наводно…
Кревкото двонеделно примирје меѓу САД и Иран…
Мисајловски: Селедуваат историски години за модернизација на…
Имавме можност да дискутираме за сите цели…
Иран заработува 364 милиони долари: Стотици бродови…
Иран би можел да оствари приход од…