Над половина од семејствата со три и повеќе деца се сиромашни
Секој петти жител на Македонија лани бил сиромашен, а најтешко живеат семејствата со три и повеќе деца, покажуваат податоците на статистиката.
Стапката на сиромаштијата во 2024 година изнесуваше 21.9 отсто. Државниот завод за статистика ги пресмета лаекенските индикатори за сиромаштија за минатата година врз основа на податоците од Анкетата за приходите и условите за живеење, која се спроведува во согласност со препораките на Европската Унија.
Основа за пресметките на сиромаштијата се приходите, а прагот на сиромаштијата е дефиниран на 60 отсто од медијалниот еквивалентен приход.

Анализирано по типови домаќинства, стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2024 година е 17.1 отсто.
Праг на сиромаштија за четиричлено домаќинство (2 возрасни и 2 деца помали од 14 години) се смета дека е приход од 374 400 денари годишно (6.000 евра), а за самците овој праг изнеусва 178 286 денари годишно (2900 евра)

Според најфреквентниот статус на економската активност, стапката на сиромашни вработени лица е 7.9 отсто, додека стапката на сиромашни пензионери е 12.0 отсто.
Извор: Блумберг Адрија
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Над половина од семејствата со три и…
Секој петти жител на Македонија лани бил…
МААЕ: Започна поправката на далновод кај нуклеарната…
Поправката на клучен далновод во близина на…
Османи: Се надевам на побрзо формирање на…
Косовската претседателка Вјоса Османи изјави дека денешните…
Метео аларм: Силен северен ветер над 60…
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде метео…
Удрил во три паркирани возила, контејнери, возила…
На 26.12.2025 во 12:30 часот во СВР…