Над 16 илјади корисници не плаќаат за вода во Тетово, илјадници приклучоци на диво
Иако во Тетово снабдувањето со вода за пиење достигнува над 400 литри во секунда, овој ресурс не стигнува до сите домаќинства. Од Јавното комунално претпријатие „Шарри“ велат дека главниот проблем е поврзан со загубите во застарената мрежа, како и со нелегалните приклучоци кои не се фактурираат, објави ТВ21.
Според нив, загубите во мрежата се значителни и директно влијаат врз недостигот на вода во одредени делови. Директорот на претпријатието, Валон Зеќири, истакнува дека во моментов има околу 24 илјади регистрирани потрошувачи кои се фактурираат за вода, во споредба со операторот ЕВН, кој во Тетово има над 40 илјади потрошувачи. Разликата укажува на голем број корисници кои не плаќаат.
„Инкасантите што ги имаме веќе започнаа со регистрација, но кога дојдов јас како директор имаше 21 илјада, сега имаме 24 илјади. Три илјади се нови регистрации и секојдневно сме на терен со нови регистрации. Околу 16 до 18 илјади се клиенти што не плаќаат, и ако се пресмета само таксата од 100 денари, тоа е сума со која би можеле да се покријат платите на сите вработени.“, вели Валон Зеќири.
Од друга страна, граѓаните на Тетово велат дека вода има, но бараат подобро управување и фер наплата за сите.
Според студија за изводливост, во Тетово околу 35% од водата се губи во амортизираната мрежа, додека уште 35% се троши без да се фактурира, главно поради нелегални приклучоци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Над 16 илјади корисници не плаќаат за…
Иако во Тетово снабдувањето со вода за…
Пронајдена дрога кај неколку лица од Тетово
На 28.03.2026 во 23:00 часот на ул.„Благоја…
Петмина уапсени за лажните дојави за поставени…
Лишени од слобода пет лица од кои…
Прегазено 11 годишно дете во Тетово
МВР информира дека вчера попладне во 13:10…
Владата бара ЗНМ и ССНМ јавно да…
Владата преку соопштение до јавноста побара од…