Објавено на:

Наезда на змии и стаорци во Рим поради ѓубрето и високите температури

t

Зоологот од Рим, Андреа Лунерти изјави дека италијанската престолнина станала „вистинска џунгла“ затоа што поради комбинацијата на високи температури и постојаниот проблем на градот со ѓубрето, има нагло зголемување на популацијата на стаорци, змии, стршлени и галеби.

Лунерти, кој во Рим е познат по фаќањето опасни животни, вели дека летово бил преплавен со повици, особено поради зголемениот број на змии, пишува лондонски „Гардијан“.

„Има многу повеќе пријавени средби меѓу луѓе и змии отколку порано. Популацијата на змии растеше експоненцијално во текот на зимата бидејќи температурата беше висока за зимскиот период. Змиите не би преживеале ако е студено. Тие потоа доаѓаат во градот од нивната природна средина бидејќи има многу отпад од храна, а каде што има отпад од храна има стаорци, главна храна на змиите“, рече Лунерти.

Најчестиот вид на змии пронајден во Рим е зелената камшичка змија, но Лунерти вели дека има и отровни.

„Ги наоѓаме на балкони, во градини, во училишта. Најдовме една обесена на решетката врата од лифтот во станбена зграда каде предизвика голема паника“, изјави Лунерти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скандинавски Охрид: Отпад и муљ оставени на…

На почетокот на летната сезона, непријатни слики…

Прилеп ли е, Амазон ли е… ВРИЕ…

Локалниот огранок на СДСМ во Прилеп објавија…

Во Карпош ќе се поставува „Репелент“ против…

Од Општина Карпош информираат дека како дел…

(Видео) Експлозија во Рим: Се урна дел од…

Дел од трикатница во римскиот кварт Монтеверде…

(Видео) Инциденти на депонијата во Кочани: Камиони…

Комунални возила од соседните општини денеска се…