Наместо да спречува крадел: Полицаец и вработен на бензинска фатени во обид да изнесат огромна количина нафта
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Н.М., полициски службеник и Д.Ј., вработен како ракувач на бензинска пумпа.
Пријавени се во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“ по член 354 од Кривичниот законик.
Пријавените, со намера да се стекнат со противправна имотна корист, на 28.03.2022 се обиделе да изнесат околу 150 литри нафта, но биле спречени во намерата.
Н.М. и Д.Ј. ќе бидат суспендирани од работните места.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Судар на два танкери во Црното…
Два танкери „Волгоњефт 212“ и „Волгоњефт 239“…
Кривична за полицаец кој дома чувал нелегално…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…
Нафтата и златото поскапеа по настаните во…
Европските берзански индекси ја започнаа неделата со…
Утре нови цени на нафтените деривати
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…
Словачка ќе бара продолжување на исклучоците од…
Словачка планира да разговара со Европската Унија…