Нападнати медицински лица во Скопје, пациент се заканувал и кршел инвентар
Два одделни инциденти во здравствени установи во Скопје биле пријавени вчера во полиција, при што пациент агресивно се однесувал и упатувал закани кон вработени, а во друг случај медицинска работничка била физички нападната.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 10 март во 13:30 часот во СВР Скопје од здравствена установа на подрачјето на Карпош било пријавено дека на 9 март околу 22:50 часот пациентот Б.Ш. (40) од Велес се однесувал агресивно, упатувал закани кон вработените, оштетил дел од инвентарот и се обидел да избега.
Набргу по пријавата, полициски службеници го пронашле лицето и тој бил задржан во здравствената установа, додека надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Во друг инцидент, на 10 март во 11:45 часот во СВР Скопје, вработена од здравствена установа на подрачјето на Центар пријавила дека додека ги извршувала своите работни задачи била физички нападната од едно лице, кое ѝ упатило и закани.
Полицијата работи на расчистување на двата случаи и презема мерки за утврдување на сите околности.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нападнати медицински лица во Скопје, пациент се…
Два одделни инциденти во здравствени установи во…
Пензионер поставен за нов директор на РЕК…
Пензионерот Иван Куковски е поставен за нов…
Чекор назад за Албанија на патот кон…
Албанскиот парламент во четврток гласаше против укинување…
Иранска револуционерна гарда: Ормускиот Теснец останува затворен…
Иранската револуционерна гарда (ИРЦГ) денеска соопшти дека…
Мицкоски уверува дека има доволно нафта на…
Граѓаните не треба да се грижат. Имаме…