Нападнат полициски началник во Кавадарци, предложен притвор за две лица

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против две лица за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста согласно член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Двајцата соизвршители осомничени за ова кривично дело, на 15 февруари во раните утрински часови, во дискотека во Кавадарци нападнале службено лице – полициски началник кој во моментот бил на должност и постапувал за откривање на сторители на недозволена трговија со дрога.
Кога во дискотеката го забележале началникот на кого и претходно му упатувале заканувачки пораки преку други лица, осомничените на возраст од 31 и 33 години започнале да го туркаат и да го удираат со боксови по главата и телото, при што му ја скинале облеката и му нанеле повеќе повреди – набиеници и расекотини.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци достави предлог за определување мерка притвор за осомничените. Предлогот е прифатен и судот им определи притвор во траење од осум дена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нападнат полициски началник во Кавадарци, предложен притвор…
Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против…
Тројански коњ од 21 век: Руската армија…
Руските војници неодамна добија пратка со специјални…
Маестралниот Маслинко е МВП на Купот: Одигравме…
Репрезентативецот Андреј Маслинко беше најдобриот стрелец во…
Разговорите Трамп-Путин за мирот во Украина, реконструкција…
Телефонскиот разговор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп…
Самитот на БРИКС ќе се одржи во…
Бразилската влада соопшти дека овогодинешниот самит на…