Напаѓачот во Германија е Саудиец, масакрот го извршил со изнајмен автомобил

50-годишен доселеник од Саудиска Арабија е напаѓачот кој влета во толпата посетители на божиќниот базар во источногерманскиот град Магдебург, при што загинаа 11 луѓе, а околу 80 се повредени, пишува весникот „Ди Велт“ повикувајќи се на извори од безбедносните служби.
„Станува збор за маж од Саудиска Арабија, роден 1974 година“, вели изворот за германскиот весник, кој објави и дека во нападот тој користел изнајмен автомобил.
Масакрот се случил нешто по 19 часот по локално време. Дел од медиумите објавија дека терористичкиот напад е изведен со две возила, но тоа не беше потврдено од полицијата. Според надлежните, напаѓачот газел луѓе „најмалку 400 метри“ по преполната улица на која се одржува божиќниот базар.
Локалните власти вечерва ги предупредија возачите да не се движат низ центарот на Магдебург, а пешаците со мегафони се повикуваат да го напуштат реонот. Полицијата го пребарува затворениот дел од базарот за можно поставен експлозив. Германските медиуми исто така објавија дека на совозачкото седиште на автомобилот со кој е изведен терористичкиот чин бил пронајден багаж, за којшто полицијата се сомневала дека е можно да содржи експлозив.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Германија праќа 300 војници на Косово во…
Германската мисија во НАТО ја коментираше посетата…
Германската разузнавачка служба: Имаме јасни докази како…
Коронавирусот, кој се прошири низ светот пред…
Голем штрајк во Германија, погодени повеќе од…
На аеродромот во Франкфурт откажани се 1.054…
На повидок нова германска влада, постигнат договор…
Германските конзервативци предводени од Фридрих Мерц и…
Германија размислува за повторно воведување на воен…
Во услови на дебата за зголемување на…