Напредна технологија која може да стави крај на сите виpycи: Еве што создава фармацевтската компанија која ја купи Ѓоковиќ

Лекот против корона вирусот на кој работи компанијата на Новак Ѓоковиќ не дозволува вирусот да влезе во телото.
Како што пишува српски Телеграф, компанијата „Quat BioRes“, која делумно е во сопственост на српскиот тенисер, може да стави крај на светската пандемија. Нивните научници работат на лек кој би го спречил вирусот Ковид-19 да навлезе во човечкото тело.
– Компанијата која е основана во јуни 2020 година, а во чија приказна е Ѓоковиќ од април, работи на развој на нова технологија за лекување на вирусот. Не само корона, туку и сите вируси што постојат, а се тестира на Ковид 19 бидејќи моментално е најдоминантниот вирус во светот. Едноставно, тие развиваат пептид, односно протеин кој стои помеѓу вирусот и клетката и го спречува да навлезе во нејзе и да го зарази телото. Сè се заснова на фреквенцијата на молекулите, односно да се погоди резонанца на вирусите и пептидите и потоа тие се отфрлаат. Во лабораториски услови засега се оди според планот, а наскоро ќе започне и тестирањето на луѓе. Засега не се знае дали пептидот би се вбризгал во телото или во форма на спреј низ нос – изјавил за српски Телеграф извор близок на компанијата „Кват БиоРес“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ го одобри лекот на Астра Зенека…
Астра Зенека денеска соопшти дека нејзиниот комбиниран…
ЕУ одобри употреба на лек за рак…
Лекот Енхерту (Enhertu) на британско-шведската фармацевтска компанија…
Три лица починаа, 151 нов случај на…
Во последните 3 дена (од 27.05 до…
За последен пат ќе го гледаме Надал…
Шпанскиот тенисер се изјасни за својот утрешен…
НЕМА ПОЧИНАТИ: Ова е најновата Ковид 19…
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје,…