Напукнал ѕид од подвозник на автопат, на увид му дојдоа директор, пратеник и градоначалник
„Поради покажани деформации и пукнатини на потпорен ѕид на еден подвозник на скопската обиколница на државниот пат А2“, Јавното претпријатие за државни патишта презело активности кои вклучувале увид во санацијата на ѕидот од страна на тројца високи функционери – директорот на ЈПДП, Коце Трајановски, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски.
-Согласно со проект предвидено е репроектирање на површинскиот канал за насочување на водата кон пропустот; чистење на постоечкиот пропуст; реконструкција на централната дренажа во телото на патот; реконструкција на левата дренажа; отстранување на постојната, вклучително и шахтите, и поставување нова линија со цевки; реконструкција и рехабилитација на коловозната конструкција; санација на пукнатини на крајниот столб на потпатникот со инектирање; изведба на дополнителни барбакани за дренажа на водите од телото на насипот, итн., велат од ЈПДП.
Санацијата на подвозникот ќе чини околу 300.000 евра, а таа ќе трае цела година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Напукнал ѕид од подвозник на автопат, на…
„Поради покажани деформации и пукнатини на потпорен…
Активирани дронови на МВР, се трага по…
На единствениот повикувачки број за итни повици…
Филипче од Битола: Не можеме да молчиме
„Оваа власт гази по солидарноста, човечноста, демократијата,…
(Фото) Градоначалникот на Охрид и пратеник на…
До редакцијата на Инфомакс пристигна ексклузивна фотографија…
Украина воведува ограничувања на електричната енергија во…
Vero Украинскиот енергетски оператор „Укренерго“ денеска соопшти…