Насилство, дрога и непрописно возење – Билтен на СВР Тетово
На 13.06.2026 во 09:50 часот, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар го лишија од слобода Е.Н.(56) од Гостивар. При претрес во неговиот дом и помошни простории во Гостивар, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена тврда кафеава материја.
Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
…….
На 13.06.2026 во 23:30 часот во тетовското село Боговиње, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го лишија од слобода Н.Е.(19) од Тетово. при преглед во патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, било пронајдено и одземено пакување со бела прашкаста материја. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
……
На 13.06.2026 во 12:45 часот, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишиле од слобода О.Б.(44) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава дека околу 11:55 часот во семејната куќа, по кратка расправија, се заканувал на неговата 37 – годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, но бил спречен од малолетната ќерка. Според пријавеното, лицето подолг период врши психичко малтретирање на сопругата. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
…..
На 13.06.2026 во 23:20 часот во ОВР Гостивар, И.Т.(70) од гостиварско село пријавила дека околу 18:30 часот во дворот од семејната куќа, нејзиниот син М.Т. упатил на неа и на неговиот брат поради нерасчистени судски спорови околу семејниот имот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
…….
На 13.06.2026 во 21:30 часот во ОВР Гостивар, К.С.(38) од Гостивар пријавил дека околу 18:40 часот на улица „Никола Парапунов“, неговата малолетна ќерка била физички нападната од друга малолетничка. Се работи на расчистување на случајот.
……
На 14.06.2026 во 00:40 часот во угостителски објект во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле В.Т.(43) од Тетово затоа што под дејство на алкохол се однесувал недолично и не ги почитувал наредбите на полициските службеници. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
…….
На 14.06.2026 во 01:50 часот на улица „Живко Брајковски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле У.Л.(21) од с.Дебреше затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои преземале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
……
На 13.06.2026 во 19:30 часот на магистралниот пат Гостивар – Кичево, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ј.М.(26) од Гостивар. При сообраќајна контрола било запрено патничко возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, при што било утврдено дека го управува под активна забрана за управување. Возилото е одземено и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
……
На 13.06.2026 во 23:30 часот во с.Топлица, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар лишиле од слобода 17 – годишен малолетник од с.Неготино. при сообраќајна контрола бил запрен мотоцикл без регистарски таблички, кој го управувал, и при извршена контрола било констатирано дека не поседувал возачка дозвола. На местото бил повикан и негов родител, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
…..
На 14.06.2026 во 02:50 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода 16-годишен малолетник од с.Мала Речица, тетовско. при сообраќајна контрола било запрено патничко возило „рено“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, при што било констатирано дека не поседува возачка дозвола. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
……
На 14.06.2026 во 01:40 часот во с.Требош, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Групчин го лишиле од слобода Л.И.(34) од истото село. при сообраќајна контрола било запрено патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, при што било констатирано дека не поседувал возачка дозвола. Возилото е одземено и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
…….
На 14.06.2026 во 02:00 часот на улица „Живко Брајковски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода М.Н.(19) од Гостивар. При сообраќајна контрола било сопрено возило „опел“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал и по извршено алкотестирање кај него биле измерени 1,67 промили алкохол во организмот. Возилото е одземено и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
…….
На 13.06.2026 во 11:00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Маврово извршиле акциска контрола, при што во близина на хотел во с.Маврово привеле пет лица државјани на Република Албанија поради нелегален и непријавен престој во државата. Тие се предадени за понатамошна постапка од Одделението за прекуграничен криминал и миграции за понатамошнс постапка.
……
На 13.06.2026 во 10:05 часот во ОВР Гостивар, И.М.(51) од с.Жировница пријавил дека од семејниот дом се оддалечила неговата малолетна ќерка И.А.(15). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
…..
На 13.06.2026 во 21:00 часот во Полициското одделение Маврово е пријавено дека пред влезната врата од куќата во с. Врбен бил пронајден починат Т.Ј.(67) од истото село, кој живел сам. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинитиел, телото на починатиот било дадено на обдукција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Насилство, дрога и непрописно возење – Билтен…
На 13.06.2026 во 09:50 часот, полициски службеници…
За шест часа во Битола казнети 80…
Во акциска контрола спроведена на подрачјето на…
Приведен 24-годишен скопјанец кој сквернавел гробови во…
Вчера попладнет на подрачјето на Шуто Оризари…
Тепачка меѓу затвореници, еден со тешки повреди…
На 13.06.2026 во 01:47 часот во СВР…
Пронајден починат 46 годишен битолчанец во апартман…
На 12.06.2026 во Полициското одделение Нов Дојран…