НАТО трупа војска во Европа: Во Источна Европа ќе распореди четири нови борбени групи

НАТО ќе распореди четири нови борбени групи низ Бугарија, Унгарија, Романија и Словачка, соопшти денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, како дел од одговорот на Алијансата на руската инвазија врз Украина, јави ДПА.
НАТО веќе има борбени групи во Естонија, Летонија, Литванија и Полска.
-Ова значи дека ќе имаме осум мултинационални борбени групи на НАТО долж источното крило од Балтикот до Црното Море, изјави Столтенберг пред вонредниот самит на НАТО закажан за утре.
„Се соочуваме со нова реалност за нашата безбедност, така што ние мораме на подолг рок да ги ресетираме нашите можности за одвраќање и одбрана“, додаде Столтенберг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија пред нов студен бран
Според најновите метео прогнози, постои голема веројатност…
Откриена тајна руска нуклеарна база во Европа
Русија има тајна база за нуклеарно оружје…
Aston Martin го претстави роудстерот Vanquish Volante,…
Aston Martin го претстави својот нов модел,…
Иван Нисов се огласи од Полска: Состојбата…
Еден од повредените во страшниот пожар што…
Протече планот на ЕУ за случај на…
Европската комисија планира да ги предупреди граѓаните…