Нафтата поскапе: Цената за барел повторно над 100 долари

t

Нафтата поскапе. Загриженоста за снабдувањето ја зголеми цената на 104 долари. 

Цената ја дефинираа послабиот долар и загриженоста за испораките на гас од Русија. Сето тоа ги засени стравувањата од рецесија и заклучување во Кина. На лондонскиот пазар цената на барелот за испорака во септември се зголеми за 2,34 долари во однос на затворањето на крајот на минатата недела и изнесуваше 103,50 долари. На американскиот пазар барелот се тргуваше за 1,89 долари поскапо, по 99,48 долари. Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) денеска објави дека барел од нафтената кошничка на нејзините членки во петокот изнесувал 104,39 долари, што значи дека поскапела за 1,73 долари во однос на претходниот работен ден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија веќе нема да истражува нафта кај…

Руската компанија „Новатек“ планира да се повлече…

Падна цената на нафтата на светските берзи:…

Цените на нафтата од утрово паѓаат. На…

Нов пад на цените на нафтата на…

Цените на нафтата паднаа денеска на меѓународните…

Цената на нафтата падна под 100 долари…

Цените на нафтата благо пораснаа во средата…

Падна цената на нафтата на светските берзи:…

Цените на нафтата паднаа на 99 долари…