Национално обединување: Ќе седнат ли на иста маса Мицкоски и Филипче?
Македонија мора да ја искористи шансата која може да се отвори доколку се прифати иницијативата на германскиот канцелар Фридрих Мерц кој испрати писмо и до ЕК за интегрирање на западен балкан по забрзана трака но со особен акцент за интегрирање на Украина и Молдавија.
Опозицискиот лидер Венко Филипче денеска ја поздрави ваквата иницијатива, но и побара од премиерот Христијан Мицкоски да дефинира што подразбира под национално обединување на кое повикувааа и двајцата изминатата недела а доколку го добие одговорот вели не ја исклучува можноста и тој да го направи првиот чекор и да иницира средба со Мицкоски за евроинтегративните процеси на земјата бидејќи како што рече земјата нема друга алтернатива.
Сето ова доаѓа не само по иницијативата на Мерц но и средбата која министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски ја имаше во Шведска со неговите колеги од ЕУ каде порачал дека Западен Балкан и натаму останува под сериозно злонамерно влијание а остварил средба и со неговата колешка од Бугарија Велислава Петрова. На својот Ф.Б профил напиша
Тимчи Муцунски
– Разменивме мислења за билатералните односи, регионалната соработка и европската интеграција на државата. Ја нагласив потребата од изнаоѓање решение за билатералното прашање, кое го кочи процесот на отворање на преговорите со Европската Унија, реафирмирајќи ги позициите на Владата и укажувајќи дека темите поврзани со македонскиот јазик, идентитет, култура и историја не можат да бидат предмет на разговори.
Акцент ставивме и на значењето на Коридор 8 и потребата од забрзување на активностите поврзани со отворањето на граничниот премин „Клепало“, како важен дел од регионалната инфраструктурна и економска поврзаност.
Претходната недела и премиерот Христијан Мицкоски на одбележувањето на 150 годишнината од Разловечкото востание повика на национално обединување за националните интереси и црвените линии. Филипче исто така рече спремни е од позиција на опозиција заеднички да пристапат кон отварање на уставот и да ја споделат одговорноста но повторно од ВМРО-ДПМНЕ ова го отфрлија и го дефинираа како обид на Филипче и СДСМ за тргување со националните интереси.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Национално обединување: Ќе седнат ли на иста…
Македонија мора да ја искористи шансата која…
Маж пронајден без знаци на живот во…
Четириесет и осумгодишен жител на Куманово бил…
Сеизмолошка опсерваторија излезе со информации за потресот…
Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија…
ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ!
Попладнево земјотрес со јачина од 3.5 степени…
(Видео) Реки луѓе пристигнуваат на големиот студентски…
Студентското движење ги покани граѓаните на Србија…