Најава за блокада на железничкиот сообраќај: 80 вработени во „Влеча на возови“ завршија на улица – еве за што се работи

t

Синдикатот на вработените во „Влеча на возови“ при Железници Транспорт информира дека на 80 нивни колеги не им се продолжени договорите за работа и најавува дека доколку во најкус можен рок не се најде решение за нив, ќе го блокираат железничкиот сообраќај.

Во писмото испратено до јавноста, Синдикатот наведува дека овие работници им се потребни за нормално функционирање на компанијата.

Како синдикат од, за нас, нејасни причини, Министерството за финансии кое е надлежно за давање на согласност за вработување, а со самото тоа и можност за продолжување на работниот ангажман на нашите 80 колеги од кои голем дел се извршен персонал, истото не го достави, така што заклучно со 31.12.2021 ги остави без работа, а нашата фирма без извршен персонал. Ние како фирма во последниот период сме дојдени до многу ниско ниво на егзистенција како финансиски, така и со вработени и доколку во најкраток можен рок не се преземе нешто со нашите колеги кои останаа на улица, а се потребни на фирмата, како репрезентативен синдикат ќе бидеме принудени по божиќните празници да го блокираме железничкиот транспорт во знак на солидарност со нашите колеги кои ни се неопходни за секојдневно непречено и безбедно одвивање на железничкиот сообраќај, се вели во писмото.

Од Синдикатот информираат дека овие вработени се обучени и ги минале и интерните обуки кои траат од шест до 12 месеци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Пренасочување на сообраќајот кај Кривогаштани и Мало…

ЦУК: планирано е пренасочување на сообраќајот кај…