Најмалку 17 повредени во судир на два воза во Италија

Најмалку 17 лица се повредени во судир на два воза на италијанската пруга Болоња-Римини во областа Фаенца.
Според првичните информации нема потешко повредени. Сообраќајот во таа делница е запрен, а се судриле регионален воз и Freccia Rossa, пишува италијанскиот Corriere di Bologna.
Сообраќајната несреќа се случила вечерва во 20:20 часот, а возовите се судриле со мала брзина. Засега не е позната причината за судирот, а на местото на несреќата интервенирале возила на итната помош и пожарникари.
Според фотографиите од местото на настанот, возовите не излетале од шините, оштетени им се предните делови.
„За среќа, повредените беа добро и никој не претрпе сериозни последици. Ударот беше релативно слаб“, коментира градоначалникот на Фаенца, Масимо Исола.
Едно лице е пренесено во болница, додека на останатите 16 им била укажана лекарска помош на местото на настанот. Машиновозачите не се повредени.
Во тек е истрага, по што треба да се знаат повеќе детали.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
16 од повредените во пожарот во Кочани…
Портпаролката на Владата, Венера Љатифи Азизи, попладнево…
Двајца повредени во пожарот во Кочани префрлени…
Двајца повредени во пожарот во Кочани попладнево…
Четворица повредени во пожарот во Кочани транспортирани…
Италијанската амбасада преку соопштение информираше дека четворицата…
Преку системот за итна помош Луксембург транспортираше…
Преку својот систем за итна помош, Луксембург…
Две лица повредени во катастрофалниот пожар, утрово…
Две лица, повредени во пожарот во дискотеката…