Најмалку 78 лица загинаа од ураганот Ијан во САД
Смртниот биланс од разорниот ураган Ијан со искачи на 74 лица само во Флорида и уште неколкумина во Северна Каролина, јави денеска Си-ен-ен.
Повеќе од 1.100 лица биле спасени во деловите под вода во југозападна и централна Флорида, каде ураганот беше проследен со налети на ветрот од над 200 километри на час.
Како што јавија од седиштето на гувернерот Рон Десантис, спасувачките напори продолжуват и спасувачите наоѓаат тела. Според нив, Ијан досега убил најмалку 74 лица во Флорида и уште четири во Северна Каролина.
Заклучно недела наутро по локално време, околу 812.000 домаќинства, бизниси и други клиенти во Флорида се уште немаат електрична енергија, а околу 21.000 во Северна Каролина, и околу 8.000 во Вирџинија.
Медиумот јавува и дека ураганот може да биде најскапото невреме во историјата на Флорида , носејќи разурнувања во заедниците од западниот брег на богатиот американски полуостров до внатрешноста во Орландо.
Иако Флрида има најмногу осигуривање на домаќинства од поплави, само 13 проценти од домовите се осигурани, додека само 18 отсто од популацијата живее во окрузи каде пости обврзни или доброволни наредби за еваукација, се додава во некои од анализите. Со тоа штетите и жртвите од овој разурнувачки ураган со очекува да бидат уште поголеми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп најавува дека ќе стави крај на…
Доналд Трамп, кој ќе ја преземе функцијата…
Трамп: Апсолутно е неопходно Америка да ја…
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп смета дека…
Бајден одобри пакет воена помош за Тајван
Американскиот претседател Џо Бајден одобри нов пакет…
Зеленски: Европа не може да ја спаси…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика Европејците…
Бајден: Секако дека ќе присуствувам на инаугурацијата…
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека ќе…