На „Богородица“ запленет златен накит вреден 1,1 милиони денари
На граничниот премин Богородица, царински службеници запленија златен накит вреден 1,1 милиони денари, откако открија двајца косовски државјани во обид да го криумчарат. Златниот накит, четири златни ланчиња со вкупна тежина од 190,6 грама, осомничените го купиле во Турција, а потоа, со намера да го криумчарат, го ставиле на себе и го прикриле со облеката, соопшти Царинската управа.
Случајот е предаден на Одделението за истраги кое против сторителите поднесе кривична пријава до обвинителството.
Од Царина велат дека ова е 11-та заплена на злато годинава, при што досега се одземени вкупно два килограми златен накит. Четири од случаите се откриени токму на Богородица, пет на Меѓународен Аеродром Скопје, а по еден случај на Табановце и Блаце. Во девет случаи, десет лица се кривично гонети од страна на Одделението за истраги за сторено кривично дело криумчарење, казниво согласно Кривичниот законик.
„Нашата порака е јасна, без разлика на начинот на кој се криумчари, нашите служби ќе го разоткријат и ќе се погрижат криминалот да биде најстрого казнет. Ваквите случаи јасно ја покажуваат цврстата посветеност на Царинската управа за сузбивање на сите форми криминал, заштита на финансиските интереси на државата и обезбедување фер конкурентност на пазарот“, велат од Царинската управа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На „Богородица“ запленет златен накит вреден 1,1…
На граничниот премин Богородица, царински службеници запленија…
Украина и Молдавија ги започнаа пристапните преговори…
Европската Унија официјално го започна процесот на…
Осум години од потпишувањето на Преспанскиот договор
На денешен ден, 17 јуни, 2018 година,…
Над 2 милијарди денари исплатени субвенции на…
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со конкретна…
Сали: Пораките од Европскиот парламент се потврда…
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за…