На Божествена литургија во Охрид беше устоличен новиот митрополит на Дебарско-кичевската епархија
Отец Георгиј стана нов митрополит на Божествена литургија со која чиноначалствуваше архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во Соборниот храм на охридските архиепископи „Света Софија“ во Охрид
Архимандритот Георгиј од денеска и официјално стана нов митрополит на Дебарко-кичевската епархија. На денешната Божествена литургија со која чиноначалствуваше aрхиепскопот oхридски и македонски г.г. Стефан, тој беше хиротонисан за митрополит и устоличен на тронот на епархијата.
Тој пред членовите на Светиот синод на МПЦ-ОА и присутните во црквата „Света Софија“ во Охрид се завети дека ќе работи согласно каноните на црквата и оти ќе извршува што ќе му биде заповедано со најголема послушност, имајќи ги во предвид вистината и правдата.
„Сето тоа ќе го правам според мојата совест, без да робувам на лицемерноста и да бидам роб на страстите, но секогаш ќе го имам на ум единствениот Божји суд, со искрена љубов кон Бога и кон ближните…Се заколнувам со живиот Бог дека секогаш ќе ги имам на ум неговите зборови – проколнат да биде секој онај што нема да го извршува Божјото дело. И дека во сите работи поврзани со мојот позив како со дела Божји нема да бидам мрзлив туку ќе бидам вреден и ќе работам со сите мои сили“,
рече митрополитот Георгиј.
Архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан рече дека денеска црквата добила архиереј кој е достоен на своите претци и кој ќе го продолжи нивното светло, и оти сите досегашни охридски светила со своите животи покажале дека епископот не е управител на земна институција, тук „жртва светаденица“ која се принесува себе си за својот народ.
Митрополитот Георгиј дојде на упразнетото место во Дебарско-кичевската епархија, откако митрополитот Тимотеј почина во ноември минатата година по кратко боледување. Отец Георгиј беше единствен кандидат за оваа црковна позиција.
Отец Георгиј, поранешниот декан на Богословскиот факултет, Ѓоко Ѓорѓевски, се замонаши на 27 мај годинава, на 28 мај беше произведен за јероѓакон, а на 29 мај беше избран за јеромонах.
На неговиот избор му претходеа мирни собири во неколку градови во земјава, на кои беше побарано епископот Антаниски Партениј да биде кандидат за митрополит на оваа епархија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На Божествена литургија во Охрид беше устоличен…
Отец Георгиј стана нов митрополит на Божествена…
Арсовска на литургија во црквата „Свети Апостоли…
Градоначалничката на Град Скопје и лидер на…
Британскиот амбасадор во Приштина на средба со…
Откако британска пратеничка ја обвини Српската православна…
Митрополит пловдивски Николај: Македонската црква треба да…
Според древното канонско правило, Македонската православа црква…