На Врховен му фалат половина судии, а вработените го тужат за 70.000 евра, утврди ревизијата

t

Државниот завод за ревизија денеска го објави Конечниот ревизорски извештај за извршена ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Врховен суд на Република Северна Македонија за 2024 година на сметката на основен буџет (603).

Највисокиот суд во Македонија се соочува со сериозен недостиг на судии, финансиски проблеми, но и со тужби од вработени.

Во Врховниот суд на Република Северна Македонија во тек се 28 судски постапки. Судот се јавува како тужена страна врз основа на тужби од вработени по основ на надоместоци и права од работен однос, во вкупен износ од 4.280 илјади денари, односно околу 70 илјади евра.

Бидејќи станува збор за судски постапки кои се водат пред надлежните судови, до денот на ревизијата конечниот исход не е познат, при што постои неизвесност за финансиските импликации врз Буџетот на Врховниот суд во иднина, се наведува во ревизорскиот извештај.

-Напоменуваме дека е неопходно пополнување на испразнетите судиски места, кои согласно Одлуката на Судски совет се предвидени 28 места вклучувајќи го и претседателот на судот, а пополнети на крај на 2024 година се 11 судиски места. Ревизијата истакнува дека во месец мај 2025 година зголемен е бројот на судии на 14 вклучувајќи го и претседателот на судот – пишуваат ревизорите.

Линк до Конечен ревизорски извештај: https://dzr.mk/sites/default/files/2026-06/KRI_Vrhoven_sud_FINAL.pdf 

Линк до Апстракт од конечен ревизорски извештај (македонски јазик): https://dzr.mk/sites/default/files/2026-06/Apstrakt_Vrhoven_sud_mkd_FINAL.pdf 

Линк до Апстракт од конечен ревизорски извештај (албански јазик): https://dzr.mk/sites/default/files/2026-06/Apstrakt_Vrhoven_sud_FINAL_ALB_pdf.pdf 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На Врховен му фалат половина судии, а…

Државниот завод за ревизија денеска го објави…

Спречен увоз на над 23 тони пилешко…

Официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и…

Во Штутгарт исчезна 17-годишна девојка од Македонија

Седумнаесетгодишната Флоринда Зекировски е исчезната од 11…

(Видео) Видеото од Трамп и Брижит Макрон…

Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга…

Претрес во Куманово: Уапсен 44 годишник, дома…

На 15.06.2026, полициски службеници од СВР Куманово…