На кого Мицкоски му „набаци“ милионски бизнис со паркинг на Клиника?

t

Со јавно-приватно партнерство ќе се градат монтажни катни гаражи на Клинички центар во Скопје, одлучи Владата. На вчерашната владина седница е донесена одлука за формирање Комисија за спроведување на постапката за доделување договор за воспоставување на Јавно приватно партнерство за изградба на катни монтажни гаражи во Универзитетски Клинички центар – Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

На тој начин, како што велат од Владата, ќе се реши сообраќајниот хаос кој владее во Клиничкиот центар.

Во моментов, со паркингот на Клиничкиот центар стопанисува скопското јавно претпријатие „Градски паркинг“ и секојдневно е хаос поради недостиг на паркинг места.

Зошто државата не ги гради сама и не ги наплатува сама катните гаражи е прашање кое треба да почне да не мачи како држава, затоа што таква катна гаража би значела милионски профит на месечно ниво.

Просечно во текот на еден месец ваквите катни гаражи би значеле приход од најмалку пет до пет и пол милиони денари, без притоа да се пресметаат дополнителните месечни картички за паркирање. Трошок кај катната гаража е единствено одржувањето, значи одржување на лифтови, чистење и плата за неколкумина вработени која сигурно не би била вртоглава сума, што значи дека профитот од овој бизнис ќе значи милиони за кој и да го „лапне“ ова јавно-приватно партнерство.

И патот до пеколот е попречен со добри намери, а ако тука добрата намера е да се реши проблемот со паркирање на клинички, не се знае каква намера или бизнис договорка се крие позади јавно-приватното партнерство за катни гаражи кои државата можеше да ги изгради, одржува и самата да има милионски профит без да го дели со било кого. Тоа би било навистина „од народот, за народот“, а јавно-приватното партнерство би значело само „од народот, за приватен џеб“ и може по некој процент за итрецот што го смисли ова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски ги замолил Грција и Бугарија за…

Христијан Мицкоски барал безусловна поддршка од Грција…

ВНИМАНИЕ: Од лажна паркинг карта со QR…

ЈП Паркинзи на Општина Центар издаде предупредување…

На кого Мицкоски му „набаци“ милионски бизнис…

Со јавно-приватно партнерство ќе се градат монтажни…

Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…

Во Радуша никнува нов парк, но не…

Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски оствари средби…