На Крим убиен поранешен украински офицер кој преминал на руска страна — жена активирала експлозив ставен во канта за ѓубре
Поранешниот украински офицер, Роберт Шегаев кој бил командант на украинската подморница „Запорожје“, па преминал на руската страна, е убиен вчера во експлозија во Севастопол, објави Укринформ.
Како што се наведува, Шагеев, кој бил заменик-командант на 4-та посебна подморничка бригада на руската Црноморска флота, која лансирала ракети „Калибар“ кон Украина, бил убиен кога експлозивна направа експлодирала во неговата близина.
„Поранешен воен подморничар беше разнесен на Столетовскиот проспект во Севастопол, јавува нашиот извор. Мажот се симнувал по уличните скали кога експлодирала експлозивна направа во близина“, беше објавено на Телеграм каналот „Кримски ветер“.
Според руските медиуми, уапсене жена која ја активирала бомбата, која, според првичните информации, била ставена во корпа за отпадоци.
Ја предал Украина и преминал на руска страна
Шагеев, кој бил капетан од прв ранг во украинската армија, преминал на руска страна во 2014 година и станал командант на руска подморница, која, според Генералштабот на вооружените сили на Украина, учествувала во масовни ракетни напади од „калибар“ врз украинската цивилна инфраструктура и станбени згради од 2022 година.
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) за Крим и Севастопол објави дека руски војник е убиен во експлозија во Севастопол, а дека е приведена жена осомничена за предизвикување на експлозијата.
„ФСБ брзо привела руски државјанин за кој се сомнева дека разнел припадник на руското Министерство за одбрана“, се вели во соопштението објавено од Интерфакс.
Во соопштението се додава дека жената го извршила атентатот по наредба на украинските разузнавачки агенции.
Како што претходно објавија руските медиуми, четворица припадници на руското Министерство за вонредни ситуации и еден обезбедувач биле убиени во експлозија на бомба во Севастопол.