На работа со Ковид: Франција им дозволи на зapaзените лекари да работат

t

Франција им дозволи на здравствените работници кои се заразени со корона вирусот, но имаат само некои или речиси никакви симптоми, да продолжат да ги лекуваат пациентите, наместо да бидат во изолација.
Според агенцијата АП, ова е вонредна мерка која има за цел да го ублажи недостатокот на персонал во болниците и другите медицински установи предизвикан од невиденото разгорување на инфекцијата.
Посебно ослободување од правилата за карантин се воведува за вработените во болниците , домовите за стари лица, лекарските ординации и другите основни здравствени установи.
Надвор од здравствениот сектор, за лицата кои не се опфатени со посебното ослободување, француските правила за карантин бараат најмалку пет дена самоизолација за целосно вакцинирани лица кои се позитивни на тестот.

Водачите на болниците укажаа дека новата флексибилност за здравствените работници во Франција ќе им помогне да ги „пополнат дупките“ кога станува збор за мал број вработени.
Во упатствата на француското Министерство за здравство се наведува дека, каде што е можно, заразените работници не смеат да бидат во контакт со невакцинирани пациенти или оние кои се изложени на поголем ризик од тешки симптоми на Ковид, пренесе Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов пад на млазен авион во Франција,…

Пилотот загина во петокот кога францускиот авион…

Десеткратно зголемување на бројот на заразени од…

 Во текот на месец јули, пријавени се…

Расте бројот на заболени од Ковид во…

Од 29 јули до 4 август во…

Коронавирус на Олимписките игри, 40 спортисти се…

Светската здравствена организација објави дека повеќе од…

Вучевиќ е позитивен на Корона, пред неколку…

Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ е позитивен…