Објавено на:

На Ѓоковиќ му се зakaнува затвор до 5 години

t

Австралиската влада ја проширила истрагата против Новак Ѓоковиќ, откако српскиот тенисер ноќеска во долгото соопштение објавено на социјалните мрежи призна дека заразен со Ковид-19 се движел во јавноста.

Според австралискиот „Ејџ“, кој во регионот е пренесен од телевизијата „Н1“, службеници од имиграциската служба го разгледуваат кршењето на изолацијата од страна на популарниот Ноле во Србија, како и погрешните информации дадени при поднесување на документите пред влезот во Австралија, како и непоклопување на датумите за тестирање на Ковид-19. Најголема казна за давање лажни искази пред официјалните институции во Австралија изнесува пет години затвор.

Истовремено, министерот за имиграција, Алекс Хок, повторно ја одложи одлуката за користење на дискреционото право за укинување на визата на Ѓоковиќ, која сигурно нема да биде донесена денеска, во очекување на истрагата на неговите службеници за новите моменти.

Сето ова е резултат на неочекуваната исповед на Ѓоковиќ, кој призна дека доделувал пехари на деца и давал интервју за Л’Екип иако бил позитивен на Ковид-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведена 26-годишна скопјанка барана со централна потерница:…

Вчера во Скопје, полициски службеници од тим…

Командир на полициска станица доби четири и…

По поднесен обвинителен акт од страна на…

Арачиновец избегал од затвор, полицијата го фати…

Вчера околу 14.00 часот во с. Арачиново,…

Затвореник излегол од затвор на викенд и…

Единицата за внатрешни работи – Одделение за…