Невидена брука: Радев и Јотова организираат конференција за Гоце Делчев, ќе има претставник и од „Ванчо Михајлов“
Под покровителство на претседателот на Бугарија, Румен Радев, во среда, на 4 мај, во Националната палата на културата (НПК) ќе се одржи конференцијата „Европска перспектива за добрососедски односи меѓу Република Бугарија и Република С Македонија“.
Од прес-службата на бугарскиот претседател информираат дека трибината ја организирале Институтот за историски истражувања при Бугарската академија на науките и Македонскиот научен институт во спомен на Гоце Делчев.
На конференцијата ќе учествува и потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, Ангел Димитров, копретседавачот на бугарско-македонската комисија за историски прашања, а од „Центарот за култура“ „Иван Михаилов -Битола“ претставник ќе биде Георги Црномаров.
Откако Радев ќе го отвори форумот, ќе се одржи трибина на тема „Гоце Делчев и општата историја на Република Бугарија и Република Македонија – меѓу фактите и идеологија“.
Ќе се дебатира и на теми како „Состојба и перспективи за добрососедски односи: европска зрелост на PCM“ и „100 години организирано движење на македонските Бугари во светот. ”
Форумот ќе се пренесува во живо и на БНТ и на Фејсбук страницата на Радев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…